Şenhan Bolelli
05 Април 2016•Ажурирај: 05 Април 2016
МАДРИД (АА) - Од управата на каталонскиот фудбалски клуб Барселона, порачаа дека вратите за заминувањето на Нејмар во било кој друг клуб се затворени, а пораката стаса во момоент кога медиумите пишуваат за можен трнсфер на бразилскиот ас во парискиот ПСЖ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Барселона, Хозеп Марија Бартомеу, за бразилскиот лист Глобоеспорте изјави дека каталонскиот клуб нема да даде дозвола доколку некој со намера дојде да преговара за трансферот на Нејмар.
“Нејмар ќе остане во Барселона. Тој секогаш зборуваше дека сака да игра во овој клуб. Се надевам дека наскоро ќе ставиме крај на оваа приказна за можно заминување на Нејмар од Барселона”, изјави Бартомеу и додаде дека управата на клубот веќе е во приговори со Нејмар за продолжување на договорот кој му истекува во јуни 2018 година.
Вагнер Риберио, менаџерот на бразилците изјави вчера дека трансферот на Нејмар во редовите на француските прваци на ПСЖ се можна опција и дека тоа е изводлив потег за парискиот клуб.
Тој во интервјуто за францускиот лист „L'Equipe“ изјави дека е отворен за преговори со ПСЖ.
“Може да седнеме и да преговараме доколку ПСЖ покаже интерес да го доведе Нејмар. Договорот може да го завршиме доколку ПСЖ плати 193 милиони евра. Се сомневам дека тоа е проблем кој ПСЖ не може да го реши”, изјави Риберио.