Mutlu Demirtaştan
30 Декември 2021•Ажурирај: 31 Декември 2021
ИСТАНБУЛ
Кина им забрани на фудбалските репрезентативци да се тетовираат со цел да бидат добар пример за општеството, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Владината спортска управа на земјата соопшти дека на играчите кои играат во кинеската репрезентација, вклучително и помладите категории, им е забрането да прават нови тетоважи со цел да дадат добар пример за општеството.
Се наведува дека забраната треба строго да се спроведува, а националните фудбалери со тетоважи треба да ги отстранат тетоважите.
Меѓу другото, се забележува дека националните играчи може да добијат дисциплински казни од Кинеската фудбалска федерација доколку не ја почитуваат забраната.
Од друга страна, се истакнува дека во некои посебни случаи, со согласност на остатокот од тимот ќе биде прифатливо да се покриваат тетоважите за време на тренинзите и натпреварите.
Од средината на 2018 година, кинеската Влада презема чекори за да не се прикажуваат тетоважи на познати личности на интернет и на телевизиските екрани.
Во рамките на овие чекори, многу професионални фудбалери, особено репрезентативецот Жанг Линпенг, мораат да ги кријат своите тетоважи со покривање на рацете или носење дрес со долги ракави.