ИСТАНБУЛ (АА) – ЕМРЕ АШИКЧИ – Новата година донесе нови можности за тимовите да ги засилат своите редови, а рекордниот договор што го потпиша Кристијано Роналдо го стави на врвот на најплатените ѕвезди во светот на спортот, пишува Агенција Анадолија (АА).
Кристијано Роналдо во вторникот ја фиксира цената на договорот со клубот од Саудиска Арабија, Ал Наср, за следните 2,5 години на 214 милиони долари.
Триесет и седумгодишниот португалски фудбалер стана најплатен во светот на спортот откако се префрли во 18-кратниот саудиски шампион.
„Овој договор е уникатен затоа што и јас сум уникатен играч“, изјави Роналдо за време на свеченото потпишување. „Ова не е крај за мене. Лигата на Саудиска Арабија е многу конкурентна. Знам дека луѓето не го знаат тоа“, додаде тој.
Во ноември, Роналдо стана слободен играч откако неговиот договор со англискиот Манчестер Јунајтед беше раскинат со заемен договор поради несогласувањата што ги имаше со менаџерот на клубот, Ерик Тен Хаг.
Роналдо е петкратен освојувач на титула во Лигата на шампионите на УЕФА, четирикратен со шпанскиот клуб Реал Мадрид и еден со Манчестер Јунајтед.
Петкратниот освојувач на „Златната топка“ ја предводеше Португалија до титулата на УЕФА ЕВРО 2016.
- Лионел Меси - 168,5 милиони долари
Лионел Меси е еден од најпознатите спортисти во светот, за што покажува и неговата заработка од фудбалските терени.
Триесет и петгодишниот Аргентинец се прости од Барселона по сезоната 2020/21, откако целата своја кариера ја помина во тој шпански клуб.
Но, тој не успеа да го доведе францускиот Пари Сен Жермен до титулата во Лигата на шампионите на УЕФА, откако потпиша одличен договор со тимот.
Пред да се префрли во францускиот клуб, Меси имаше проценета нето-вредност од 675 милиони долари, што значи дека по сезона заработува до 168,5 милиони долари.
Седумкратниот освојувач на „Златната топка“ има освоено четири титули во Лигата на шампионите на УЕФА, три светски клупски првенства на ФИФА, три УЕФА супер трофеи и 10 титули во шпанската Ла Лига во текот на неговата извонредна кариера.
Меси го додаде последното парче во својата колекција на трофеи со освојувањето на Светското првенство во Катар 2022.
- Девин Букер, Карл-Ентони Таунс - 56 милиони долари
Во 2022 година, Девин Букер од Феникс Санс потпиша рекорден четиригодишен договор вреден 224 милиони долари, со кој останува до сезоната 2028.
Тоа не само што беше најголемиот износ за еден НБА-играч, туку и за секој професионален кошаркар.
Трикратниот НБА Олстар ги доведе Санс до финалето на НБА во 2021 година.
Дваесет и шестгодишниот Букер, исто така, освои златен медал како дел од олимпискиот тим на САД на „Токио 2020“.
Истата година кога Букер го продолжи договорот, Карл-Ентони Таунс потпиша четиригодишно продолжување на договорот вреден 224 милиони долари со Минесота Тимбервулфс.
Дваесет и седумгодишниот Американец со потекло од Доминиканската Република беше трипати избран на Олстар-натпреварите (2018, 2019, 2022) и за титулата дебитант на годината во НБА за сезоната 2015/16.
- Стивен Кари - 53,8 милиони долари
Продолжувањето на договорот на НБА суперѕвездата Стивен Кари со Голден Стејт Вориорс минатата година му донесе просечна плата од 54 милиони долари по продолжениот договор вреден 215 милиони долари.
Со почетокот во Лигата во 2009 година, Кари беше во тимот кога Вориорс освоија четири шампионски титули во НБА, а исто така, осумпати беше НБА Олстар играч.
Триесет и четиригодишниот плејмејкер двапати беше прогласуван за највреден играч во НБА, освои четири шампионски титули во НБА и на доби титулата највреден играч на НБА Ол-стар натпревар.
- Десет најскапи трансфери во историјата на спортот рангирани на годишно ниво:
| Спортист | Тим | Спорт | Времетраење на договорот | Вредност на договорот (милиони долари) | Годишна заработка (милиони долари) |
| 1 | Кристијано Роналдо | Ал Наср | фудбал | 2,5 години (2023-2025) | 535 | 214 |
| 2 | Лионел Меси | Барселона | фудбал | 4 години (2017-2021) | 674 | 168,5 |
| 3 | Деви Букер | Феникс Санс | кошарка | 4 години (2024-2028) | 224 | 56 |
| 4 | Карл-Ентони Таунс | Минесота Тимбервулфс | кошарка | 4 години (2024-2028) | 224 | 56 |
| 5 | Стивен Кари | Голден Стејт Вориорс | кошарка | 4 години (2022-2026) | 215 | 53,8 |
| 6 | Макс Верстапен | Ред Бул рејсинг | мотоспорт | 5 години (2024-2028) | 266 | 53,3 |
| 7 | Никола Јокиќ | Денвер Нагетс | кошарка | 5 години (2023-2028) | 264 | 52,8 |
| 8 | Џоел Ембид | Филаделфија Севентисиксерс | кошарка | 4 години (2023-2027) | 210 | 52,5 |
| 9 | Кими Раиконен | Ферари | мотоспорт | 3 години (2007-2009) | 153 | 51 |
| 10 | Бредли Бил | Вашингтон Визардс | кошарка | 5 години (2022-2027) | 251 | 50,2 |
* Спортистите кои се натпреваруваат во индивидуалните спортови како бокс, тенис и голф не се вклучени во листата бидејќи нивната заработка зависи од нивниот успех на натпреварите.