Abdulkadir Karakaya
11 Декември 2023•Ажурирај: 13 Декември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Светската фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо, кој настапува за тимот Ал Наср од Саудиска Арабија, го одигра својот 1.200-ти натпревар, известува Анадолу.
Португалскиот фудбалер, во 16-тото коло на Про лигата на Саудиска Арабија, во првата постава го започна натпреварот против Ал Ријад.
https://tinyurl.com/2dezw4rk
Ал Наср на оваа средба извојува победа од 4:1, а Роналдо (38) го постигна првиот погодок за водство на неговиот тим, што воедно беше и негов 868. гол во неговата клупска и репрезентативна кариера.
Статистиката на постигнати погодоци во кариерата на Роналдо, кој го одигра својот 1.200-ти натпревар, изгледа вака:
| Екипа | натпревари | погодоци |
| Спортинг Лисабон | 31 | 5 |
| Манчестер Јунајтед | 346 | 145 |
| Реал Мадрид | 438 | 450 |
| Јувентус | 134 | 101 |
| Ал Наср | 46 | 39 |
| Репрезентацијата на Португалија | 205 | 128 |
| ВКУПНО | 1.200 | 868 |