Yunus Kaymaz
14 Март 2018•Ажурирај: 15 Март 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Sвездата на „Реал Мадрид“ и еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, упати нова порака за поддршка на децата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Португалскиот фудбалер Роналдо ја поддржува работата на меѓународната организација „Save the Children“, а на социјалните мрежи објави видеопорака со која укажа на трагедиите низ кои поминуваат сириските деца.
„Биди силен, биди самоуверен и никогаш не се откажувај“, им порача Роналдо на децата во Сирија.
Тој и минатиот месец на социјалните мрежи укажуваше на страдањето на цивилите во Источна Гута.
За децата во Сирија, Роналдо претходно, со посредство на организацијата „Save the Children“, донираше храна, облека и медицинска опрема, и покажа дека е свесен за своите општествени одговорности.