Berad Büyük
29 Август 2020•Ажурирај: 30 Август 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Роберт Левандовски, кој игра во Баерн Минхен, екипата која стана шампион во германската Прва фудбалска лига (Бундеслига) и ја освои УЕФА Лигата на шампиони, рече дека тој ја заслужува наградата „Златна топка“ (Ballon d'Or) која се доделува на најдобриот фудбалер на годината, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за медиумите во неговата земја Полска, Левандовски рече: „Оваа година освоивме сè што може да се освои како екипа. Јас бев најдобар стрелец на сите турнири каде што играв. Мислам дека наградата „Златна топка“ треба да се додели на играч кој беше успешен на овие турнири.“
Триесет и двегодишниот играч, кој оваа сезона постигна 55 гола на 47 натпревари и ја затресе мрежата на сите натпревари во Лигата на шампиони што ги одигра до финалето, изјави дека треба да победат и во германскиот Супер Куп и Суперкупот на УЕФА, кои допрва треба да се одиграат.