Elvir Hociç
20 Февруари 2018•Ажурирај: 21 Февруари 2018
САРАЕВО (АА) - Останатите четири натпревари од првиот круг од осминафиналето од Лигата на европските прваци се закажани за вечерва и утре, а денес со дерби беше прогласена битката помеѓу старите ривали Челзи и Барселона, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сините“ од Лондон вечерва на „Стамфорд бриџ“ ќе го дочекаат каталонскиот тим предводен од најдобриот фудбалер во светот, Лионел Меси. Аргентинецот досега одигра осум натпревари против Челзи, а сè уште не се запиша меѓу стрелците. Натпреварот на распоредот е во 20:45 часот, а правдата на теренот ќе ја дели турскиот арбитер Џунејт Чакир.
Вечерва во исто време ќе се одигра уште еден, не помалку интересен дуел во Минхен, каде што Баерн ќе го дочека истанбулскиот Бешикташ.

Бешикташ е првиот турски тим кој групната фаза од Лигата на шампионите успеа да ја заврши како победник, но најтешкиот тест во сезоната „црно-белите" ќе го имаат вечерва.
Утре на распоред се и останатите два меча од првото коло од осминафиналето во Лигата на шампионите, а ќе се сретнат Шахтар Донецк : Рома и Севиља : Манчестер јунајтед.