Bedrudin Brljavac
07 Март 2024•Ажурирај: 09 Март 2024
МАДРИД (АА) - Фудбалерите на Манчестер Сити и Реал Мадрид изборија пласман во четвртфиналето на Лигата на шампиони, известува Анадолу.
Манчестер Сити во реваншот извојува победа од 3:1, ист резултат како и на првата средба што се одигра во Копенхаген, и избори пласман во четвртфиналето на УЕФА Лигата на шампиони.
Стрелци за Сити беа Мануел Аканџи во 5. минута, Хулиан Албварез во 9. и Ерлинг Халанд во 45 + 3. минута на судиското надополнување. Единствениот гол за Копенхаген го постигна Мохамед Елјунуси во 29. минута.
Реал Мадрид на првиот натпревар во Лајпциг како гостин победи со 0:1, а синоќа на домашен терен на стадионот „Сантјаго Бернабеу“, потешко од очекуваното, ремизираше против РБ Лајпциг со 1:1 и избори пласман во следната фаза на ЛШ.
Голот за Реал го постигна Винисиус Жуниор во 65. минута, а израмнувачкиот погодок за гостите го постигна Вили Орбан во 68. минута.
Фудбалерите на Баерн Минхен и Париз Сен Жермен (ПСЖ) во вторникот изборија пласман во четвртфиналето на Лигата на шампиони.
Идната недела се играат преостанатите 4 реванш-средби од Лигата на шампиони. Се среќаваат:
12.3.2024 (вторник)
21:00 Арсенал - Порто (0:1)
21:00 Барселона - Наполи (1:1)
13.3.2024 (среда)
21:00 Борусија Дортмунд - ПСВ (1:1)
21:00 Атлетико Мадрид - Интер (0:1)
Ждрепката за четвртфиналните и полуфиналните средби на Лигата на шампиони ќе се одржи во Нион на 15 март.