Dejan Maksimoviç
02 Март 2019•Ажурирај: 04 Март 2019
МАНЧЕСТЕР (AA) – Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед ќе го користи привремениот менаџер Оле Гунар Солскер како заштитно лице за влезниците за наредната сезона, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според наводите на британските медиуми, тоа значи дека Солскер речиси сигурно ќе ја добие работата на менаџер на црвените ѓаволи на трајна основа, но од клубот таквата информација се уште не ја потврдиле.
„Направив видео снимка. Ги молам навивачите да ги купат своите сезонски влезници", рече Солскер, пренесуваат британските медиуми.
Од доаѓањето на клупата на Јунајтед, норвешкиот тренер собори неколку рекорди. Првин влезе во историјата надминувајќи го легендарниот Мат Бусби, запишувајќи шест последователни победи во лигата откако го води тимот од Олд Трафорд. Бусби имаше пет триумфи во низа. Потоа кон средината на оваа седмица оствари осма последователна гостинска победа во сите натпреварувања, што Манчестер Јунајтед никогаш претходно не успеал.
„Сите знаат дека би сакал да останам, но тоа нема да биде одлучено до крај на сезоната. Но без оглед дали јас сум навивач или менаџер, тие би требале да ги купат сезонските влезници бидејќи клубот никаде нема да отиде", истакна Солскер.
По 28 одиграни кола, Манчестер Јунајтед го зазема петото место со 55 бодови, 14 помалку од лидерот Ливерпул.
„Црвените ѓаволи" денес на Олд Трафорд во 29 коло ќе го угостат Саутепмтон. Натпреварот ќе се игра со почеток во 16 часот.