Dejan Maksimovic
07 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
АЈДХОВЕН - Германскиот фудбалер Марио Геце како слободен играч потпиша двогодишен договор со ПСВ Ајдховен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На крајот од сезоната истече договорот на Геце со Борусија Дортмунд и одлучи да ја прифати понудата кариерата да ја продолжи во славниот холандски клуб. Геце, кој е носител на шампионската титула со Германија на Светското првенство во Германија 2014 година, во вторникот ги помина лекарските прегледи, по што следуваше потпишувањето на договорот со новиот клуб.
„Имав многу понуди ова лето, но јас сум човек кој има чувства и донесува сопствени одлуки. Чувствувам дека сум подготвен за сосема друг предизвик и уверен сум дека тоа за мене треба да биде многу поволна промена“, рече 28-годишниот Геце за интернет-страницата на ПСВ, и додаде:
„Продолжив со тренинзите и се подготвив за нова авантура. Се радувам што ќе им се приклучам на новите соиграчи на тренинзите и подготовките за претстојните натпревари.“
Геце во текот на својата кариера во два наврати го носеше дресот на Борусија Дортмунд, а во меѓувреме три сезони играше за минхенски Баерн. За репрезентацијата на Германија настапи на 63 натпревари, постигнувајќи 17 гола. Најсветлата точка во својата кариера ја доживеа во финалето на Светското фудбалско првенство во Германија 2014 година кога го постигна погодокот за победа против Аргентина.