Ivana Ramadanova
06 Јануари 2017•Ажурирај: 07 Јануари 2017
СКОПЈЕ (АА) - Со резултат од 39:19 младинскта репрезентација на Македонија ја победи репрезентацијата на Турција и со тоа директно се пласираше на Светското првенство во Алжир, јавува Anadolu Ageny (AA).
По вчерашното реми на Македонија со Португалија, двете репрезентации имаа по три бода, по што победата на македонската селекција им донесе прво место во групата и директен пласман на СП 2017 во Алжир.
Со головите на Шилегов кој доминираше во првото, и Даниловски во второто полувреме, македонската младинска селекција издвои убефлива победа над Турција.
Во турската младинска репрезентација најмногу се истакна Езалп и Остурк со по пет гола.
Ова е првиот историски пласман на Македонија на еден ракометен мундијал.