Bedrudin Brlyavac
20 Ноември 2019•Ажурирај: 21 Ноември 2019
ЛОНДОН (AA) - Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо е новиот шеф на стручниот штаб на англискиот премиерлигаш Тотенхем Хотспур, а британските медиуми веднаш ја пронајдоа неговата изјава од порано во која рекол дека никогаш не би го водел овој клуб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Се работи за неговата изјава од 2015 година, кога втор пат беше тренер на Челси. Португалецот го водеше Челси од 2004 до 2007 година, а се врати во 2013 и остана до 2015 година.
Имаше дури и устен договор со „сините“, според кој во наредните две години нема да води ниту еден англиски клуб, а во тоа време се јави Тотенхем, кој сакаше да го донесе уште во 2007 година.
„Никогаш не би можел да го водам Тотенхем, бидејќи премногу емотивно сум врзан за Челси и неговите навивачи“, рече Мурињо во 2015 година.
Тогаш Тотенхем беше спремен да му плати и отштета на Челси само за да го донесе Мурињо.
Раководството на лондонските „петли“ вчера го отпушти досегашниот тренер Маурисио Почетини, а утрово челниците на клубот потпишаа договор со Мурињо до 2023 година.
Харизматичниот Мурињо порача дека е возбуден, бидејќи дошол во клуб со реноме и со страствени навивачи.
Во богатата тренерска кариера Мурињо ги водеше и англиските великани Челси и Манчестер јунајтед, а од „Олд Трафорд“ отиде во декември минатата година.
Тотенхем во изминатите пет натпревари од Премиер лигата не успеа да оствари победа, па по 12 кола има 14 бода и се наоѓа на 14. место на табелата.