Yunus Kaymaz
05 Септември 2019•Ажурирај: 07 Септември 2019
ИСТАНБУЛ
На тенискиот Гренд-слем турнир УСА Опен во машка конкуренција последните полуфиналисти се Рафаел Надал и Матео Беретини, додека во женска конкуренција, пласман во полуфиналето обезбеди и Бјанка Андреску, јавува Anadolu Agency (AA).
На последниот Гренд-слем тениски турнир УСА Опен сезонава кој се одржува во Њујорк, вториот носител, Шпанецот Надал се сретна со Аргентинецот Диего Шварцман, 20. носител на турнирот.
Надал, кој трипати досега е победник на УСА Опен, во натпреварот кој траеше 2 часа и 46 минути извојува победа од 3:0 (6:4, 7:5 и 6:2) и по осми пат на турнирот избори пласман во полуфиналето.
Италијанецот Матео Беретини, 24. носител на турнирот во четвртфиналето играше против 13. носител, Французинот Гаел Монфис. Во неизвесен и меч полн со престврти, Беретини извојува победа од 3:2 (3:6, 6:3, 6:2, 3:6 и 7:6 [7-5]) и избори пласман во полуфиналето на УСА Опен каде што ќе игра против Шпанецот Надал.
Во женска конкуренција, последната учесничка на полуфиналето на УСА Опен ја одредуваше го одреди дуелот меѓу 15. носителка на турнирот, Канаѓанката Бјанка Андреску и 25. носителка, Белгијката Елиза Мертенс. Поуспешна во овој дуел беше Канаѓанката Андреску, која со победата од 2:1 (3:6, 6:2 и 6:3) успеа да се пласира во своето прво полуфинале на еден гренд-слем турнир.
Андреску (19) во полуфиналето ќе игра против Швајцарката Белинда Бенчиќ