Doga Kirmizioglu
25 Септември 2019•Ажурирај: 26 Септември 2019
ЛОНДОН (AA) - Двоецот Ешли Смит (30) и Џордан Нортовер (26) обвинети се за обид за грабеж и закана со ладно оружје поради нападот на гудбалерите на Арсенал, Месут Озил и Сеад Колашинац, јавува Anadolu Agency (AA).
Дирекцијата на лондонската полиција соопшти дека уапсените Смит и Нортовер во својство на обвинети утре ќе бидат изнесени пред судија.
Смит додатно се обвинува и за поседување канабис.
Обвинетите на 25 јули тргнале кон возилото на германскиот интернационалец по потекло од Турција, Озил, а со него беше и босанскохерцеговскиот репрезентативец Сеад Колашинац.
На снимката на инцидентот, кој го забележаа надзорните камери, се гледа како Колашинац со храбра реакција ги отргна напаѓачите.
Озил и Колашинац поради безбедносни причини пропуштија неколку натпревари на почеток на сезоната.