Hüseyin Burak Demirer
26 Февруари 2019•Ажурирај: 27 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Во НБА, 27 поени и 7 скока на охриѓанецот Џеди Осман беа недоволни за Кавалирс на домашен терен да го спречи поразот од Портланд Треил Блејзерс од 110:123, пишува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 11 натпреаври од американската Национална кошаркарска лига (НБА). Портланд Треил Блејзерс, совладувајќи го Кливленд Кавалирс со 110:123 на гостински терен, ја извојува својата 4. победа едноподруго.
Најголем придонес во победата на Блејзерс дадоа С. Џ. Маколм со 35 поени, 7 скока и Демијан Лилард со 21 поен и 8 асистенции.
Најпрецизни во редовите на Кавалирс беа Џеди Осман со 27 поени, 7 скока, 3 асистенции и Кевин Лав со дабл-дабл од 18 поени и 12 скока.
Чикаго Булс на домашен терен беше поразен од лидерот во Источната конференција, тимот на Милвоки Бакс, со резултат 106:117.
- Заврши серијата на Харден -
Хјустон Рокетс како домаќин успеа да ја совлада екипата на Атланта Хоукс со резултат 119:111.
Творци на победата на Рокетси беа Џејмс Харден со постигнати 28 поени, 5 скока и Крис Пол со 20 поени, 8 асистенции и 6 скока. Дебитантот Тре Јанг од редовите на Рокетси, со постигнати 36 поени го урна сопствениот рекорд.
Харден со постигнати 28 поени ја прекина серијата од натпревари на кои постигнал 30 и повеќе поени по натпревар, започната на 13 декември 2018. Во серија од 32 натпревари, Харден не падна под бројката од 30 поени по натпревар, и во текот на оваа серија, во просек постигна 41,1 поен.
Харден (29) со 32 натпревари по ред, на кои постигна 30 и повеќе поени по натпревар, го зазеде второто место зад Вилт Чејмберлен кој во историјата на НБА има најдолга серија од 65 натпревари едноподруго на кои постигнал 30 и повеќе поени.
- Резултати -
Шарлот Хорнетс - Голден Стејт Вориорс 110:121
Кливленд Кавалирс - Портланд Треил Блејзерс 110:123
Детроит Пистонс - Индијана Пејсерс 113:109
Бруклин Нетс - Сан Антонио Спарс 101:85
Мајами Хит - Феникс Санс 121:124
Чикаго Булс - Милвоки Бакс 106:117
Хјустон Рокетс - Атланта Хоукс 119:111
Мемфис Гризлис - Лос Анџелес Лејкерс 110:105
Минесота Тимберволвс - Санкраменто Кингс 112:105
Њу Орлеанс Пеликанс - Филаделфија Севентисиксерс 110:111
Лос Анџелес Клиперс - Далас Маверикс 121:112