Hüseyin Burak Demirer
12 Февруари 2021•Ажурирај: 13 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Екипата на Голден Стејт Вориорс со резултат 111:105 го совлада Орландо Меџик во рамките на натпреварите на американската Национална кошаркарска лига (НБА), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 5 натпревари во НБА. Во натпревар меѓу екипите од Западната конеренција, екипата на Вориорс која се бори за пласман меѓу првите осум екипи за пласман во плејофот, на домашен терен го совлада Орландо Меџик.
Ол-стар ѕвездата на Вориорс, Стефен Кари, со перформанс од 40 поени, 8 скока, 5 асистенции и 4 украдени топки беше најзаслужен за победата на домаќините. Ендру Вигинс постигна 21 поен, 7 скока, 3 блокади, додека Кели Обри постигна дабл-дабл од 17 поени, 10 скока, 4 асистенции.
Во редовите на Меџик, Никола Вучевиќ постигна дабл-дабл од 25 поени, 13 скока, 5 асистенции, Теренс Рос - 20 поени, 6 скока, 3 асистенции, а Двејн Бејкон натпреварот го заврши со постигнати 20 поени, 3 скока и 1 асистенција.
- Блејзерси ги совладаа Севентисиксерси, лидерот на Источната конференција -
Екипата на Портланд, Треил Блејзерс, со резултат 118:114 ја совлада Филаделфија Севентисиксерс, лидерот на Источната конференција.
Најзаслужни за победата на домаќинот Треил Блејзерс беа Демијан Лилард со постигнати 30 поени, 7 асистенции, 2 скока и Кармело Ентони со 24 поени, 2 скока,
Во редовите на Севентисиксерс Џоел Ембид постигна 35 поени, 9 скока, 3 асистенции, додека Бен Симонс постигна дабл-дабл учинок од 23 поени, 22 скока, 9 асистенции. Турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз натпреварот го заврши со 7 поени, 5 скока.
- Резултати:
Хјустон Рокетс - Мајами Хит 94:101
Бостон Селтикс - Торонто Репторс 120:106
Детроит Пистонс - Индијана Пејсерс 95:111
Портланд Треил Блејзерс - Филаделфија Севентисиксерс 118:114
Голден Стејт Вориорс - Орландо Меџик 111:105