Hüseyin Burak Demirer
15 Мај 2019•Ажурирај: 15 Мај 2019
АНКАРА
Синоќа се одигра првиот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА, во кој екипата на Голден Стејт Вориорс на домашен терен го пречека Портланд Треил Блејзерс. Актуелниот шампион на НБА извојува уверлива победа над Треил Бејзерс, јавува Anadolu Agency (AA).
Голден Стејт Вориорс, шампион на НБА последните 2 години, на домашен терен го пречека тимот на Портланд Треил Блејзер во првиот натпревар од финалето на Западната конференција.
Вориорс на овој натпревар настапи без повредениот Кевин Дурант, но благодарение на извонредната игра на Стефен Кари и Клеј Томсон, домаќините ги совладаа Блејзерси со резултат 116 : 94 и поведоа со 1 : 0 во серијата од 4 победи.
Кари со постигнати 36 поени, 7 асистенции и 6 скока и Томсон со 26 поени и 3 асистенции беа најпрецизните кај Вориорс, а значаен удел во победата даде и Грин Дрејмонд со дабл-дабл од 12 поени, 10 скока и 5 асистенции.
Во редовите на Блејзерс, најпрецизни беа Дејмијан Лилард со 19 поени, 6 асистенции и 4 скока, а по 17 поени постигнаа Си Џеј Маколум, Морис Харклес и Родни Худ.
Според шемата 2-2-1-1-1, и вториот натпревар од серијата во 4 победи ќе се игра на теренот на Вориорс.
Вечер, во раните утрински часови, ќе се одигра првиот натпревар од финалето во Источната конференција на НБА меѓу екипите на Милвоки Бакс и Торонто Репторс.