Abdulkadir Karakaya
02 Септември 2020•Ажурирај: 03 Септември 2020
АНКАРА
Во натпреварите од плеј-офот по конференции во американската Национална кошаркарска лига (НБА) Денвер Нагетс со 80:78 ја совлада екипата на Јута Џез и се пласираше во полуфиналето на Западната конференција, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 2 натпревари во НБА. Денвер Нагетс во седмиот натпревар од четртфиналето ја совлада Јута Џез со 80:78 и се пласираше во полуфиналето на Западната конференција, каде ќе се сретне со Лос Анџелес Клиперс.
Никола Јокиќ беше најпрецизен во редовите на Нагетс со дабл-дабл учинок од 30 поени, 14 скока и 4 асистенции. Свој придонес во победата на Денвер дадоа и Џамал Мареј со 17 поени и Мајкл Портер Џуниор со 10 поени.
Во редовите на Џез напрецизни беа Донован Митчел со 22 поени, 9 скока, Руби Гоберт со дабл-дабл 19 поени и 18 скока, но тоа не беше доволно да се избегне поразот.
- Селтик во полуфиналето прејде во водство од 2:0
Бостон Селтикс во вториот полуфинален натпревар со 102:99 го совлада Торонто Репторс и го зголеми водството на 2:0.
Џејсон Татум беше најпрецизен во редовите на Селтикс со 34 поени, 8 скока, а одлична игра прикажаа и Маркус Смарт со 19 поени, Кемба Волкер со 17, Џејлен Браун со 16 поени.
Во редовите на Репторс најпрецизни беа Фред Ванвлит со 22 поени, 5 скока и Оу-Џи Ануноби со 20 поени, 7 скока, но недоволно за да се победи Селтикс.
Вечер на програмата е седмиот натпревар меѓу Хјустон Рокетс и Оклахома Сити Тандер во кој победникот ќе го обезбеди пласманот во полуфиналето на Западната конференција.