Berad Büyük
24 Септември 2020•Ажурирај: 25 Септември 2020
ИСТАНБУЛ
Во плејофот на финалето на Источната конференција екипата на Мајами Хит со 112:109 го совлада Бостон Селтикс и поведе со 3:1 во меѓусебните дуели, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одигра четвртиот натпревар меѓу екипите на Селтикс и Хит во финалето на Источната конференција.
Мајами Хит, благодарение на извонредната игра на четири свои играчи, успеа со 112:109 да ги совлада Селтикс и да дојде до третата победа.
Тајлер Хиро постигна 37 поени, 6 скока, 3 асистенции, Џими Батлер - 24 поени, 9 скока, 3 асистенции, додека Горан Драгиќ постигна 22 поени, а Бам Адебајо - 20.
Во редовите на Селтикс најпрецизен беше Џејсон Татум со 28 поени. Џејлен Браун постигна 21 поен, додека Кемба Волкер постигна 20 поени, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од Мајами Хит.
Вечерва на програмата е четвртиот натпревар меѓу екипите на Лос Анџелес Лејкерс и Денвер Нагетс од финалето на Западната конференција во кое Лејкерси водат со 2:1 во меѓусебните дуели.