Doga Kirmizioglu
05 Март 2019•Ажурирај: 07 Март 2019
АНКАРА (АА) - Екипата на Феникс Санс, на изненадување на сите, му нанесе нов пораз на Милвоки Бакс, кошаркарската екипа со најдобар учинок од 75% (48 победи и 16 порази) во американската Национална кошаркарска лига НБА, со резултат 114:105, пишува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 7 натпревари во НБА. Вистинско изненадување предизвика екипата на Феникс Санс, која со резултат 114:105 го совлада Милвоки Бакс. Последнопласираната екипа во Западната конференција, тимот на Феникс Санс, кој има учинок од 21,5 отсто (14 победи и 51 пораз), направи вистинско изненадување и го совлада тимот на Милвоки Бакс од Источната конференција кој има најдобар учинок во целата НБА лига од 75% (48 победи и 16 порази).
Во редовите на Феникс Санс со својот дабл-дабл учинок се истакнаа Кели Обри со 27 поени, 13 скока и Деандре Ејтон со 19 поени и 12 скока, а Девин Букер постигна 22 поени, 7 асистенции и 5 скока.
Бакс го доживеа својот 16. пораз сезонава, втор едноподруго. Дабл-дабл во редовите на Бакс постигна ол-стар ѕвездата Јанис Адетокунбо од 21 поен, 13 скока и турскиот интернационалец Ерсан Илјасова од 11 поени и 10 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот.
- Победник на дербито е Клиперс -
Во Западната конференција се одигра дерби натпреварот меѓу екипите на Лос Анелес Лејкерс и Лос Анџелес Клиперс. Во Центарот „Стејплс“ во Лос Анџелес, Клиперси извојуваа победа со резултат 105:113, што е нивна трета победа едноподруго.
Со оваа 37. победа сезонава, Клиперс обезбедија предност во борбата за пласман во плеј-оф натпреварувањето во НБА. Одлична игра во редовите на Клиперс покажаа Данило Галинари со 23 поени, 6 скока, Лу Вилијамс 21 поен и Монтрезл Харел со дабл-дабл учинок од 14 поени и 11 поени.
Лејкерси го доживеаја својот 34. пораз сезонава. Леброн Џејмс постигна 27 поени, 8 скока, 6 асистенции, Роџон Рондо постигна трипл-дабл од 24 поени, 12 асистенции и 10 скока, но сето тоа не беше доволно да се избегне поразот од Клиперс.
Вечерва на програмата се 6 натпревари. Се среќаваат:
Филаделфија Севентисиксерс - Орландо Меџик
Индијана Пејсерс - Чикаго Булс
Мемфис Гризлис - Портланд Треил Блејзерс
Минесота Тимберволвс - Оклахома Сити Тандер
Торонсто Рапторс - Хјустон Рокетс
Голден Стејт Вориорс - Бостон Селтикс
- Резултати:
Бруклин Нетс - Далас Маверикс 127:88
Мајами Хит - Атланта Хоукс 114:113
Сан Антониот Спарс - Милвоки Бакс 104:103
Феникс Санс - Милвоки Бакс 114:105
Јута Џез - Њу Орлеанс Пеликанс 112:115
Сакраменто Кингс - Њујорк Никс 115:108
Лос Анџелес Лејкерс - Лос Анџелес Клиперс 105:113