ИСТАНБУЛ
Комплетирано е 5. коло од фудбалските натпревари по групи во Лигата на шампиони на УЕФА, известува Агенција Анадолија (АА).
Во најпрестижното фудбалско клупско натпреварување на Европа, одиграни се осум натпревари во групите А, Б, Ц и Д.
Во дербито на колото, екипата на Манчестер Сити на домашен терен ја пречека екипата на Париз Сен Жермен. Иако Париз Сен Жермен поведе со 0:1 со голот на Килијан Мбапе во 50. минута од средбата, англискиот претставник успеа да извојува победа од 2:1 со головите на Рахим Стерлинг во 63. и Габриел Жесус во 76. минута од натпреварот. Со овој резултат, Манчестер Сити и Париз Сен Жермен ги зазедоа првите две места во групата А и го загарантираа својот пласман во осминафиналето на Лигата на шампиони.
Во вториот натпревар од групата, Клуб Бриж на домашен терен претрпе висок пораз од Ред Бул Лајпциг од 0:5. Манчестер Сити е првопласиран во групата со 12 бода, пред Париз Сен Жермен со 8, додека Лајпциг и Клуб Бриж се на трета и четврта позиција со по 4 бода. Која од овие две екипи ќе игра во Лига Европа, ќе се знае по последното коло.
Група А
| Екипа | Натпревари | Победи | Нерешени | Порази | Бодови |
|---|---|---|---|---|---|
| Манчестер Сити | 5 | 4 | 0 | 1 | 12 |
| ПСЖ | 5 | 2 | 2 | 1 | 8 |
| РБ Лајпциг | 5 | 1 | 1 | 3 | 4 |
| Клуб Бриж | 5 | 1 | 1 | 3 | 4 |
Откако уште во претходното коло го обезбеди водството во групата Б, Ливерпул на домашен терен го совлада Порто со 2:0 со головите на Тијаго Алкантара и Мохамед Салах.
Во вториот натпревар од оваа група, Милан успеа да победи на гостувањето кај Атлетико Мадрид со голот на Валтер Месиас.
Ливерпул по 5. коло е лидер во групата Б со максимални 15 бода, по кој следува Порто со 5 и Милан и Атлетико Мадрид со по 4 бода. Кој ќе продолжи во осминафиналето на УЕФА Лигата на шампиони, а кој ќе игра во Лига Европа, ќе се знае по натпреварите од последното 6. коло.
Група Б
| Екипа | Натпревари | Победи | Нерешени | Порази | Бодови |
|---|---|---|---|---|---|
| Ливерпул | 5 | 5 | 0 | 0 | 15 |
| Порто | 5 | 1 | 2 | 2 | 5 |
| Милан | 5 | 1 | 1 | 3 | 4 |
| Атлетико Мадрид | 5 | 1 | 1 | 3 | 4 |
Во натпреварите од групата Ц се одиграа два натпревари. Бешикташ на домашен терен загуби од Ајакс со резултат 1:2. Домаќините беа во водство од 1:0 со голот што го постигна Гезал од пенал во 22. минута, но Ајакс во второто полувреме беше поефикасен и со двата погодоци на Себастијан Але во 54., и во 69. минута од натпреварот дојде до посакуваната победа.
Во вториот натпревар од групата, Спортинг со 3:1 го совлада Дортмунд и обезбеди пласман во осминафиналето на Лигата на шампиони.
Ајакс е прв во групата Ц со максимални 15 бода. Втор е Спортинг со 9 бода, Дортмунд е на третата позиција со 6, а Бешикташ е на четвртата позиција без освоен бод.
Група Ц
| Екипа | Натпревари | Победи | Нерешени | Порази | Бодови |
|---|---|---|---|---|---|
| Ајакс | 5 | 5 | 0 | 0 | 15 |
| Спортинг | 5 | 3 | 0 | 2 | 9 |
| Дортмунд | 5 | 2 | 0 | 3 | 6 |
| Бешикташ | 5 | 0 | 0 | 5 | 0 |
Во групата Д, Реал Мадрид му гостуваше на Шериф. Гостите извојуваа победа од 0:3 и ја задржаа лидерската позиција во групата. Во вториот натпревар од групата Д, Интер на домашен терен го совлада Шахтјор со 2:0. По одиграните натпревари од групата Д, Реал Мадрид со 12 и Интер со 10 бода ќе го продолжат натпреварувањето во УЕФА Лигата на шампиони. Шериф е третопласиран и ќе игра во Лига Европа, додека на четвртата позиција е Шахтјор со 1 бод.
Група Д
| Екипа | Натпревари | Победи | Нерешени | Порази | Бодови |
|---|---|---|---|---|---|
| Реал Мадрид | 5 | 4 | 0 | 1 | 12 |
| Интер | 5 | 3 | 1 | 1 | 10 |
| Шериф | 5 | 2 | 0 | 3 | 6 |
| Шахтјор | 5 | 0 | 1 | 4 | 1 |
Група А:
Манчестер Сити - Париз Сен Жермен 2:1
Клуб Бриж - Лајпциг 0:5
Група Б:
Ливерпул - Порто 2:0
Атлетико Мадрид - Милан 0:1
Група Ц:
Спортинг - Борусија Дортмунд 3:1
Бешикташ - Ајакс 1:2
Група Д:
Шериф - Реал Мадрид 0:3
Интер - Шахтјор 2:0
news_share_descriptionsubscription_contact
