Ekipa
29 Март 2016•Ажурирај: 30 Март 2016
ПАРИЗ (АА) – Францускиот претседател Френсоа Оланд потврди дека приватните безбедносни компании во Франција, вработиле додатни 3.000 лица, со цел безбедноста во земјата за време на Европското првенство во фудбалот да биде на највисоко ниво, пренесува Anadolu Agency (AA).
И покрај минатонеделните терористички напади во Брисел во кои загинаа 25 лица и нападите во Париз во номеври минатата година каде загинаа 130 лица, француските власти одлучија ЕУРО 2016, да се одржи како што е и планирано од 10 јуни до 10 јули.
Оланд истакна дека очекува 2,5 милиони луѓе да присуствуваат на утакмиците во 10 француски градови, додека пак околу 5 милиони љубители на фудбалот кои ќе ги следат натпреварите на големите екрани.
“Мораме да покажаме дека спортот, културата и нашиот начин на живот нема да попушти пред тој притисок и закани”, изјави Оланд зборувајќи за терористичките закани.
Резултатите од најновите испитувања на јавното мислење, спроведени од институтот Одокс, покажуваат дека 79 отсто од Французите сакаат да се одржи ЕУРО 2016 без разлика на заканите со терористички напади.