Can Erözden
06 Јануари 2022•Ажурирај: 07 Јануари 2022
АНКАРА
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е позитивен на коронавирусот, соопшти англискиот премиерлигаш, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека поради тоа 50-годишниот тренер нема да може да го води тимот за натпреварот на ФА Купот против Свиндон Таун в петок.
Асистентот на Гвардиола, Хуан Мануел Лиљо, исто така е позитивен на коронавирусот и двајцата се во изолација, заедно со неколку други позитивни случаи од тимот.
Според клубот, околу 21 лице од персоналот на клубот, вклучително 7 играчи, се во карантин поради Ковид-19.
Помошник тренерот, Родолфо Борел, ќе го преземе тимот за патувањето во Свиндон.