Emre Doğan
07 Декември 2022•Ажурирај: 09 Декември 2022
ДОХА (АА) - По одигрувањето на вчерашните два натпревари од осминафиналето, познати се сите парови од четвртфиналето на Светското фудбалско првенство Катар 2022, известува Агенција Анадолија (АА).
На СП Катар 2022 на 3, 4, 5 и 6 декември се одиграа натпреварите од осминафиналето на Светското фудбалско првенство. Во последните два натпревари што се одиграа вчера, Португалија со 6:1 ја совлада Швајцарија, а претходно Мароко ја совлада Шпанија по изведувањето на пеналите со 3:0, откако во регуларниот дел на средбата и по одигрувањето на двете продолженија натпреварот заврши без победник, 0:0.

Португалија и Мароко им се приклучија на Холандија, Аргентина, Франција, Англија, Хрватска и Бразил во четвртфиналето на СП Катар 2022.
Во осминафиналните натпревари постигнати се 28 погодоци. Шест средби завршија во регуларниот период, а две репрезентации се пласираа во четвртфиналето по изведувањето на ударите од белата точка.
Распоред на натпреварите и паровите што ќе се сретнат во четвртфиналето на СП 2022.
9 декември (петок):
16:00 Хрватска - Бразил (Едукејшн сити)
20:00 Холандија - Аргентина (Лусаил)
10 декември (сабота):
16:00 Мароко - Португалија (Ал Тумама)
20:00 Англија - Франција (Ал Бајт)