Bedrudin Brlyavac
17 Ноември 2015•Ажурирај: 19 Ноември 2015
ДАБЛИН (АА) – Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина синоќа во возвратнот натпревар од баражот за Европското првенство 2016 година во Франција поразена е од репрезентацијата на Република Ирска, јавува Anadolu Agency (AA).
Босна и Херцеговина по поразот во натпреварот на стадионот “Авива” во Даблин не успеа да се пласира на Еуро 2016 во Франција.
Головите за репрезентацијата на Република Ирска ги постигна Џонатан Валтерс, првин од пенал во 24 минута, а потоа и во 70 минута од натпреварот.
Во првата утакмица која се играше во Зеница, резултатот беше 1:1 .