Dejan Maksimovic
20 Октомври 2021•Ажурирај: 21 Октомври 2021
ЊУКАСЛ (АА) - Менаџерот Стив Брус спогодбено ја раскина соработката со англискиот премиерлигаш Њукасл јунајтед, 13 дена откако фондот од Саудиската Арабија стана сопственик на клубот плаќајки 305 милиони фунти (околу 361 милион евра), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Брус во неделниот пораз од Тотенхем (2:3) го водеше 1000. натпревар како менаџер. Тоа е и единствениот натпревар во кој ги водеше фудбалерите на Њукасл во ерата на новите сопственици.
„Би сакал да му се заблагодарам на тренерскиот тим, играчите и помошниот персонал на вложениот труд. Имаше подеми и падови, но тие дадоа сè дури и во тешките моменти, и треба да бидат горди на својот труд и работа. Ова е клуб со неверојатна поддршка и се надевам дека новите сопственици ќе можат да го однесат онаму каде што сите сакаме да биде. Им посакувам на сите многу среќа до крајот на сезоната и по неа“, истакнал Брус, пренесуваат британските медиуми.
До изборот на новиот менаџер на Њукасл, клубот привремено ќе го води Грем Џонс.
Њукасл јунајтед по осум одиграни кругови во Премиер лигата го заземаат претпоследното, 19. место, со три бода.