Hüseyin Burak Demirer
31 Јули 2020•Ажурирај: 31 Јули 2020
АНКАРА - Повторно започнаа да се играат натпреварите во американската Национална кошаркарска лига НБА која поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) беше прекината на 11 март, јавува Агенција Анадолија (АА).
По речиси пет месеци пауза, со одлука на натпреварувачката комисија на НБА, преостанатите натпревари од сезоната ќе се играат во спортскиот комплекс ЕСПН „Вајд ворлд спортс“ (ESPN Wide World Sports) во американскиот град Орландо, во кој синоќа се одржаа две средби.
Екипата на Лејкерси, лидерот на Западната конференција, во градското дерби на Лос Анџелес играше против Клиперс. Лејкерси победија со 103:101, благодарение на погодокот на Леброн Џејмс на 12,8 секунди пред крајот на сребата.
Ол-стар ѕвездата на Лејкерси, Ентони Дејвис, беше најпрецизниот играч на натпреварот со скор од 34 поени и 8 скока. Леброн постигна дабл-дабл од 16 поени, 11 скока и 7 асистенции. Свој придонес во победата на Лејкерси даде и Кајл Кузма постигнувајќи 16 поени и 7 скока.
Пол Џорџ беше најефикасниот играч во редовите на Клиперси постигнувајќи 30 поени, 5 скока и 3 украдени топки, додека Кавај Леонард постигна 28 поени, но тоа не беше доволно за да се совладаат Лејкерси.
- Џез, враќајќи се од негатива, успеа да извојува победа -
Екипата на Јута Џез, по предноста што ја имаше екипата на Њу Орлеанс Пеликанс, успеа да направи пресврт и победи со 106:104.
Најзаслужни за победата на Џез се Џордан Кларксон со постигнати 23 поени, 5 скока, Донован Мичел со скор од 20 поени, 5 скока, 5 асистенции, Мајк Конли со 20 поени и Руби Гоберт со дабл-дабл учинок од 14 поени и 12 скока.
Во редовите на Пеликанс најефикасни беа Брендон Инграм со 23 поени, 8 скока, Џру Холидеј со 20 поени, 5 скока и Џ. Џ. Редик со 21 поен.