Dejan Maksimoviç
06 Февруари 2019•Ажурирај: 06 Февруари 2019
ВАШИНГТОН (AA) - Вејн Руни смета дека доколку Манчестер јунајтед не го задржи Оле Гунар Солскер на позицијата менаџер, треба да го донесе Маурицио Почетин од Тотенхем, пренесува Anadolu Agency (AA).
Солскер во декември е именуван за привремен менаџер откако е сменет Жосе Мурињо. Оттогаш во низа оствари девет победи и едно реми во Премиер лигата и ФА Купот, но и понатаму раководството на Јунајтед не одлучило дали ќе му понуди траен договор.
Руни, кој моментално игра за американскиот Ди-си јунајтед, своевремено го имаше задоволството да игра три сезони со Солскер во дресот на „црвените ѓаволи“ и многу добро го познава.
„Солскер е фантастична личност. Мислам дека клубот ќе донесе одлука на крајот на сезоната. Би било убаво да се види тимот под Солскер да одржи ваква форма и да добие можност да ја работи менаџерската работа на трајна основа“, рече Руни и додаде:
„Но доколку тоа не се случи, моето мислење е дека Почетино би бил вистинската личност за менаџер на Јунајтед.
Руни од 2004 до 2017 година го носеше дресот на Манчестер јунајтед. За клубот од Олд Трафорд 33-годишниот напаѓач одигра 559 натпревари и постигна 253 голови, со што стана најдобар клупски стрелец во историјата.
Освен за Јунајтед во два наврати играше и за Евертон, а од јуни 2018 година е играч на Ди-си јунајтед. За репрезентацијата на Англија настапи 120 пати со 53 погодоци.