Yunus Kaymaz
22 Јуни 2020•Ажурирај: 23 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Англискиот фудбалер и поранешен напаѓач на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, изјави дека Ливерпул, на чело со Јирген Клоп, може да ги оствари оние успеси во лигата коишто ги оствари Манчестер јунајтед, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„Јирген Клоп вели дека никој не може да доминира во лигата како Манчестер јунајтед, но тој греши. За Ливерпул има едноставен начин, треба само на Клоп да му допуштите да го направи тоа“, напиша Руни (34), актуелен фудбалер на Дерби каунти, во напис за британскиот весник „Тајмс“ (The Times).
Наведувајќи дека фудбалерите на Ливерпул играат верувајќи дека ќе победат на секој натпревар, Руни појаснува дека таков начин на размислување бил присутен и во Манчестер јунајтед за време на освојувањето на првенствата.
Тој рече дека пред 16 години отишол на „Олд Трафорд“ не само да го носи дресот на Манчестер јунајтед, туку и да биде играч на Алекс Фергусон. Според него, Јирген Клоп е таков вид на тренер.
Руни со Манчестер, под водство на Алекс Фергусон, освоија пет титули шампиони на Англија.
Ливерпул, минатогодишниот освојувач на титулата во Лигата на шампионите, е на еден чекор до освојувањето на титулата шампион на Англија, првпат по 30 години.