Ekipa
20 Септември 2018•Ажурирај: 21 Септември 2018
ВИКТОРИЈА (АА) - Светската антидопинг агенција (WADA) го обнови членството на Русија, со што е завршена речиси тригодишната суспензија поради допинг под закрила на земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата соопшти дека 12 члена на Извршниот одбор гласале за повторно воспоставување на Руската антидопинг агенција „под строги услови“.
Таа донесе ваква одлука, и покрај противењето на многу антидопинг борци од самата Светска агенција и од страна на спортистите низ светот, кои се противеа на враќањето на Русија без потполно преземање одговорност за системскиот допинг.
Русија сѐ уште не го призна учеството на земјата и не даде пристап до доказите во нејзината дискредитирана лабораторија во Москва, што беа два клучни услови на Агенцијата за повторно воспоставување, но барањата ги ублажи последните месеци.
Руската антидопинг агенција е суспендирана во ноември 2015 година, откако е откриено дека постои шема за допингување со поддршка на Владата што им помагаше на руските спортисти да освојуваат олимписки медали.