Elena Trenchevska Chekovikj
10 Април 2026•Ажурирај: 10 Април 2026
Фудбалската репрезентација на Северна Македонија ќе одигра пријателски натпревар против Босна и Херцеговина (БиХ) на 29 мај, пренесува Анадолу.
Натпреварот ќе се игра во Сараево, на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“, додека терминот за почеток на натпреварот се очекува да биде одреден подоцна.
Селекцијата на Босна и Херцеговина обезбеди квалификација за Светското првенство 2026, што, според Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), му дава на овој пријателски меч дополнителна тежина и квалитет, во рамките на официјалниот ФИФА термин.
Фудбалската репрезентација на БиХ вторпат во својата историја се пласира на Светско првенство. Првпат настапи на Мундијалот во Бразил во 2014 година, каде не се избори за пласман во нокаут фазата.