Hüseyin Burak Demirer
12 Август 2019•Ажурирај: 14 Август 2019
АНКАРА (AA) - Канадската тенисерка Бланка Андрееску е победничка на финалето од Роџерс купот, откако нејзината сопарничка Американката Серена Вилијамс поради повреда се повлече од мечот, јавува Anadolu Agency (AA).
Финалето од турнирот е одиграно во Торонто, во Канада, а десеттата тенисерка во светот, Вилијамс, играше против 27. тенисерка, Андрееску.
Американката губеше 3 : 1 во првиот сет, а тогаш мораше да се повлече поради болката во грбот. Вилијамс (37) не можеше да ги скрие солзите поради тешката одлука, а нејзината 19-годишна сопарничка се обиде да ја утеши со гушкање.
Андрееску по успехот на овогодишниот Индијан Велс, ја освои втората титула во поединечна категорија во кариерата.