Dejan Maksimoviç
09 Октомври 2018•Ажурирај: 10 Октомври 2018
ТОРИНО (АА) - Фабио Паратичи, спортскиот директор на Јувентус, ги демантираше наводите на медиумите дека италијанскиот шампион сака да го врати во своите редови Погба, кој во летото 2016 година го продадоа на Манчестер Јунајтед за 105 милиони евра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Со оглед на несогласувањата на Погба со Жозе Мурињо, менаџерот на Јунајтед, британските медиуми сè повеќе го селат францускиот репрезентативец назад во Јувентус или во Барселона.
„Погба многу го сакаме. Му посакуваме сè најдобро, бидејќи сме блиски со него, но тој веќе не е играч на Јувентус. Нè поврзуваат со него, но никогаш не сме размислувале за негово враќање и нема ни да размислуваме за тоа“, изјави Паратичи за британските медиуми.
Погба ја започна професионалната кариера во Манчестер Јунајтед, но во 2012 година премина во Јувентус, чиј дрес го носеше четири сезони. Потоа следуваше враќањето на Олд Трафорд. За Јунајтед одигра 105 натпревари и постигна 19 гола. Во дресот на репрезентацијата на Франција, 25-годишниот играч од средниот ред настапи 62 пати, постигнувајќи десет погодоци.