Dejan Maksimovic
17 Септември 2020•Ажурирај: 18 Септември 2020
ВАШИНГТОН
Џани Инфантино, претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), денеска во Вашингтон се состана со Доналд Трамп, претседателот на САД, за да разговараат за Светското првенство 2026 година што САД ќе го организираат заедно со Мексико и Канада, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кандидатурата „United 26“ во 2018 година ја избраа земјите членки на ФИФА, давајќи ѝ на оваа организација 134 гласа, додека кандидатурата на Мароко освои 65 гласа.
Инфантино и Трамп разговараа за воспоставување на седиште на ФИФА во САД, како и за анализа на подготовките за турнирот. САД за последен пат беа домаќини на Светскиот куп во 1994 година.
Инфантино ја посети и канцеларијата на американското Министерство за правда, заблагодарувајќи им се на американските власти за нивната работа во борбата против корупцијата во фудбалот.
„Откога сум избран, ја покажавме одлучноста да ги искорениме малверзациите што во минатото ја нарушуваа репутацијата на ФИФА. Ја повторивме нашата подготвеност на соработка и помош на власта во нејзините истраги и процесуирањето на корупцијата, на која не ѝ е местото во фудбалот“, рече Инфантино.