Oktaj Omeragikj
01 Септември 2021•Ажурирај: 02 Септември 2021
СКОПЈЕ
Денес се играат преостанатите две средби од четвртфиналето на Европското одбојкарско првенство за жени, известува Агенција Анадолија (АА).
Денес се играат преостанатите две средби од четвртфиналето. Во првиот дуел се среќаваат репрезентациите на Италија и Русија. Овој натпревар започнува во 17:00 часот. Во вториот натпревар силите ќе ги одмерат актуелниот европски првак, репрезентацијата на Србија, и одбојкарките на Франција.
Синоќа се одиграа два натпревари од четвртфиналето. Репрезентативките на Турција со резултат 3:0 (по сетови 25:18, 25:14 и 25:23) ја совладаа Полска. Во втората средба настапија репрезентативките на Шведска и Холандија. Холанѓанките беа поуспешни и со резултат 3:0 (по сетови 27:25, 25:16 и 25:19) ги совладаа репрезентативките на Шведска.
Полуфиналните дуели се закажани за 3 септември (петок). Во сабота на 4 септември со почеток во 17:00 часот се игра натпреварот за бронзениот медал, додека финалето на Европското одбојкарско првенство за жени ќе започне во 20:00 часот.