Abdulkadir Karakaya
10 Март 2021•Ажурирај: 11 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Стивен Жерард, тренер на шкотскиот клуб Ренџерс, истакна дека навивачите на Ливерпул сакаат тренерот Јирген Клоп да остане на оваа функција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Жерард даде изјава за британските медиуми по тврдењата дека ќе ја заземе функцијата на Клоп во Ливерпул кој во Премиер лигата освои последователни лоши резултати.
Четириесетгодишниот Жерард нагласи дека во клубот не треба да се зборува за промена на тренер.
„Навивачите на Ливерпул како тренер го сакаат Јирген Клоп, не мене. И јас ги поддржувам нив. Моментално го имаме еден од најдобрите менаџери, го сакам него“, додаде тој.
Жерард рече дека во иднина сака да работи во Ливерпул чиј дрес го носеше 19 години во својата фудбалска кариера.
„Ливерпул е мој клуб, таму имав прекрасно патување. Дали за мене е сон еден ден да станам менаџер на Ливерпул? Да, така е, но сѐ уште не е време“, истакна Жерард.
Инаку, Жерард од 2018 година е тренер на Ренџерс.