Övünç Kutlu
04 Февруари 2019•Ажурирај: 05 Февруари 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Њу Ингланд Патриотс по шести пат во историјата го освоија трофејот „Винс Ломбарди“, победувајќи ги Лос Анџелес Ремс со резултат 13 : 3 во 53. Супер бол, јавува Anadolu Agency (AA).
Супер бол е финале во американската Национална фудбалска лига (НФЛ - рагби) и спаѓа во редот на најпопуларните и најспектакуларните спортски настани во Америка и светот. Синоќешниот Супер бол се одржа на стадионот „Мерцедес-Бенц“ во Атланта.
На повеќе од 70.000 навивачи на трибините им беше скратено задоволството од напаѓачка итра, бидејќи Патриотси славеа благодарение на добрата игра во одбраната. Синоќешниот натпревар влезе во историјата на Супер бол како натпревар со најмал број поени.
Бил Беличик и Том Брејди заедно ја освоија шестата титула, а Њу Ингланд Патриотс се изедначија со Питсбург Стилерс, како најуспешен тим со шест освоени трофеи.
Во првото полувреме од Супер бол-натпреварот, во 20. минута Патриотси поведоа со 3 : 0, откако шутерот Стефен Гостковски постигна „филд гол“ од 42 јарди (38,4 метри).
Во 43. минута на 3 : 3 изедначи шутерот на Ремс, Грег Зуерлајн, постигнувајќи погодок од 53 јарди (48,5 метри).
Само 7 минути подоцна, пред крајот на основниот дел од натпреварот, падна и првиот „тачдаун“. По две добри додавања на 41-годишниот ветеран Том Брејди, Сони Мичел истрча за 10 : 3 во корист на Патриотс.
Шутерот Стефен Гостковски пред крајот на натпреварот погоди за конечни 13 : 3.