Bedrudin Brljavac
12 Јули 2020•Ажурирај: 13 Јули 2020
РИМ (АА) - Челниците на Тотенхем повторно покажаа интерес за младиот фудбалер на Рома, Николо Заниоло, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тотенхем минатото лето безуспешно се обиде да го донесе Заниоло, а „Ла Репблика“ тврди дека англискиот клуб ќе се обиде да го донесе и ова лето.
Италијанскиот весник пишува дека за 21-годишниот играч од средниот ред најмногу е заинтересиран тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо.
Претходно, медиумите пишуваа дека Рома за Заниоло бара најмалку 70 милиони евра.
Младиот фудбалер се опорави од повредата на лигаментите на коленото, а вчера успеа да постигне гол во победата на Рома над Бреша од 3:0
Заниоло кариерата ја започна во Виртус Ентели, од каде во 2017 година премина во Интер Милан, а веќе следната година потпиша за Рома, каде во 47 натпревари постигна осум гола. Во дресот на репрезентацијата има пет настапи и два погодоци.
Во тимот на Интер премина за 1,8 милиони евра, плус бонуси од 1,7 милиони евра, а Рома го купи за 4,5 милиони евра.
Овој талентиран играч од средниот ред се смета за еден од најперспективните млади фудбалери во Италија.