Erkan Tiryaki
24 Август 2017•Ажурирај: 24 Август 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Тренерот на македонскиот фудбалски клуб Вардар Чедомир Јаневски во пресрет на реванш натпреварот од плеј-офот на Европската лига против турскиот клуб Фенербахче порача дека очекува неговата екипа да ја сочува предноста од 2:0 од првиот меч и да се пласира во групната фаза од натпреварувањето, јавува Anadolu Agency (AA).
„Иако имаме предност од 2:0 ќе играме многу тежок натпревар. Фенербахче е тим кој поседува висок квалитет како и огромно искуство. Ќе играме пред фантастични навивачи. Резултатот од 2:0 од првиот натпревар е голема предност, но не ни дава гаранција дека ќе поминеме понатаму. Сепак, јас верувам дека можеме да обезбедиме пласман за понатаму. Имаме важна предност која ни дава позитивна енергија", рече Јаневски на прес конференцијата за медиумите.
Фудбалерот на Вардар Дејан Блажевски истакна дека мечот против Фенербахче ќе биде многу тежок.
„Ние играме отворена игра и затоа мораме да постигнеме погодок. Така ќе си ја олесниме работата. Мораме да го оставиме срцето на теренот за понатамошен пласман. Мораме да го сочуваме резултатот од првиот натпревар", рече Блажевски.
Фудбалерите на Вардар вчера имаа тренинг пред вечерашниот меч во Истанбул.
Во првиот натпревар во Скопје, Вардар со 2:0 го победи тимот на Фенербахче.