Fatih Erel
11 Март 2024•Ажурирај: 13 Март 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Тренерот на италијански Лече, Роберто Д'Аверса, кој со глава удри противнички играч на натпревар од Серијата А, доби отказ, јавува Анадолу.
Во соопштението на Лече се вели дека е разрешен 48-годишниот тренер Роберто Д'Аверса, кој вчера на натпреварот против Хелас Верона со глава го удри противничкиот напаѓач Томас Анри.
Лече го загуби натпреварот што го одигра на домашен терен со резултат 1:0.