ТОКИО
Турција, на Олимписките игри во Токио 2020 година освои 13 медали во 6 дисциплини, јавува Агенција Анадолија (АА).
Националните спортисти освоија 13 медали на Токио 2020, во олимписките дисциплини како што се стрелаштво, бокс, гимнастика, карате, теквондо и борење.
Спортистите освоија 5 медали во традиционалните спортови како што се борење и теквондо, а исто така, постигнаа историски успех во стрелаштво, бокс и гимнастика. Во дисциплината карате, 4 национални спортисти успеаја да освојат медали.
- Мете Газоз со златниот медал испиша историја во стрелаштвото
Мете Газоз на Токио 2020 година испиша историја во дисциплината стрелаштво. Мете Газоз, кој освои златен медал, влезе во историјата како првиот спортист кој на Турција ѝ донесе медал во оваа дисциплина.
- Ферхат Ариџан - гимнастика
Исто како и Мете Газоз, Ферхат Ариџан направи историски успех во гимнастика на Олимписките игри.
Ферхат Ариџан, кој го освои бронзениот медал во уметничка гимнастика, стана првиот турски спортист кој освои медал во оваа дисциплина.
- Две спортистки освоија медали во бокс
Турција на Токио 2020 година го освои својот прв златен медал во дисциплината бокс. На претходните Олимпијади во дисциплината бокс има освоено 5 медали.
На Токио 2020, боксерките оставија свој белег во турскиот спорт. Бусе Наз Чакироглу го освои сребрениот медал и стана првата турска боксерка што освоила медал во бокс.
Бусеназ Сурменели, која се натпреваруваше по Бусе Наз Чакироглу, постигна историски успех за Турција и го донесе првиот златен медал во дисциплината бокс.
- 3 бронзени медали во борење
Турција, која на Олимписките игри Токио 2020 учествуваше со 9 борачи, успеа да освои 3 бронзени медали.
Риза Кајаалп во грчко-римски стил и Таха Акѓул во слободен стил освоија бронзени медали.
Исто така, Јасемин Адар го освои бронзениот медал во женска категорија, со што стана првата турска борачка што освоила медал во оваа дисциплина.
- Најмногу медали освоени во карате
Турските спортисти освоија најмногу медали во карате.
Во дисциплината карате, националните спортисти ги завршија натпреварите со 3 бронзени медали и едно сребро.
Ереј Шамдан освои сребрен медал, додека Али Софуоглу, Мерве Чобан и Угур Акташ освоија бронзени медали.
- Две медали во теквондо
Турските спортисти освоија и 2 медали во теквондо.
Бронзениот медал го освоија Хатиџе Кубра Илгун и Хакан Речбер, национални теквондо спортисти кои се натпреваруваа во првите денови од Токио 2020 година.
- Олимпијада со освоени најмногу медали
Турција во својата историја освои најмногу медали на Олимпијадата во Токио 2020 година, вкупно 13.
Турските спортисти на претходните Олимписки игри освоија медали во 5 дисциплини. На 32. Летни олимписки игри во Токио Турција се скраси медали во 6 дисциплини.
Турција, која освои вкупно 12 медали во Лондон 1948 година, 11 од медалите ги освои во борење и една во атлетика. На следните игри националните спортисти не успеаја да го освојат тоа што го сакаа. На Олимписките игри во Сиднеј 2000 година, турските национални спортисти стигнаа до 5 медали во 4 дисциплини како што се кревање тегови, борење, џудо и теквондо.
Во Атина 2004 година, каде што беше повторен успехот од Лондон 1948 година, Турција освои 11 медали во дициплините кревање тегови, бокс, теквондо, атлетика и борење.
Турските претставници на Олимпијадата во Пекинг 2008 година освоија 5 медали во дисциплините борење, теквондо и бокс.
Во Лондон 2012 година Турција освои 3 медали во дисциплините теквондо и борење. Со 8 медали во дициплините борење, кревање тегови, теквондо и атлетика турските спортисти се скрасија на олипнијадата во Рио де Жанеиро 2016 година.
Турција на Олимписките игри во Рим во 1960 година освои 9 медали, сите во дисциплината борење.
- Турција во 11 дисциплини не успеа да стигне до медали
Турските спортисти не успеаја да освојат медали во 11 дисциплини во кои се натпреваруваа.
Турција на олимпијадата во Токио 2020 годинам во дициплината атлетика учествуваше со најголем број спортисти, вкупно 25. Турските репрезентативци не успеаја да стигнаа до ниту еден медал во оваа дисциплина.
Спортистите на Турција во Токио 2020 година не успеаја да освојат медали во бадминтон, велосипедизам, мечување, џудо, веслање, модерен петобој и пливање.
Националната женска одбојкарска репрезентација, која ја претставуваше Турција во екипните натпревари во Токио, беше елиминирана од Јужна Кореја во четвртфиналето.