Yunus Kaymaz
25 Ноември 2020•Ажурирај: 25 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Во УЕФА Лигата на шампиони, најзначајното клупско фудбалско натпреварување во Европа, синоќа се одиграа 8 натпревари во групите Е, Ф, Г и Х, известува Агенција Анадолија (АА).
Во групата Х, минатогодишниот финалист екипата на Париз Сен Жермен (ПСЖ) на домашен терен ја пречека екипата на Лајпциг. Со погодокот на Нејмар, постигнат во 11. минута од средбата, ПСЖ извојува победа од 1:0.
Во истата група Манчестер Јунајтед му беше домаќин на Медипол Башакшехир. Домаќините извојуваа победа од 4:1, а погодоците ги постигнаа Бруно Фернандес во 7. и 19. минута, Маркус Рашфорд во 35. минута и Даниел Џејмс во 90+2 минута од средбата. Единствениот погодок за Медипол Башакшехир го постигна Дениз Туруч во 75. минута.
Во групата Г, Барселона му гостуваше на Динамо Киев. Гостите му нанесоа тежок пораз на Динамо Киев од 0:4, а погодоците ги постигнаа Сержињо Дест во 52. минута, Мартин Брејтвејт во 57. и 70. (п) и Антоан Гризман во судиското продолжение 90+2.
Во истата група Јувентус му беше домаќин на Ференцварош. Гостите поведоа со 0:1 во 19. минута преку Мурто Узуни, а фудбалската ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо, изедначи на 1:1 во 35. минута. Кога сите помислуваа дека натпреварот ќе заврши без победник, Алваро Мората во судиското продолжение 90+2 му донесе победа на Јувентус од 2:1 и сигурен пласман во наредната фаза од Лигата на шампиони.
Во групата Г, Барселона со 12 и Јувентус со 9 бода обезбедија пласман во наредната фаза. Претходно тоа го обезбедија Челзи и Севиља во групата Е.
Во групата Ф, Борусија Дортмунд на домашен терен го пречека Клуб Бриж. Домаќините извојуваа победа од 3:0, а погодоците ги постигнаа Ерлинг Халанд во 18. и 60. минута, и Џејдон Санчо во 45. минута од средбата.
Резултати од синоќа одиграните средби по групи:
Група Е
Рен - Челзи 1:2
Краснодар - Севиља 1:2
Група Ф
Лацио - Зенит 3:1
Борусија Дортмунд - Клуб Бриж 3:0
Група Г
Динамо Киев - Барселона 0:4
Јувентус - Ференцварош 2:1
Група Х
Париз Сен Жермен - Лајпциг 1:0
Манчестер Јунајтед - Медипол Башакшехир 4:1.
Денес на програмата се натпреварите:
18:55 Борусија Менхенгладбах - Шахтјор
18:55 Олимпијакос - Манчестер Сити
21:00 Баерн Минхен - Салцбург
21:00 Атлетико Мадрид - Локомотива Москва
21:00 Интер - Реал Мадрид
21:00 Олимпик Марсеј - Порто
21:00 Ливерпул - Аталанта
21:00 Ајакс - Мидтјиланд.