Ekip
28 Декември 2015•Ажурирај: 31 Декември 2015
ИСТАНЛБУЛ (АА) - Голот на Селџук Инан, со кој турската репрезентација го победи Исланд и се избори за директен пласман на ЕУРО наредната година во Франција, прогласен се за најдобар гол во оваа година според анкетата која на службениот Твитер профил го организираше УЕФА, јавува Anadolu Agency (AA).
Инан во 89 минута од натпреварот од последното коло од квалификациите во групата А постигна гол од слободен удар со кој на својата репрезентација и донесе три бода кои и обезбедија директна карта за Европското фудбалско првенство во Франција.
На Твитер профилот на УЕФА "ChampionsLeague" е организиран директен избор за најдобар гол оваа година а гласаа вкупно 159.106 корисници на таа социјална мрежа.
Погодокот на Инан освои 69 отсто од гласовите и ја однесе титулата на еврогол за 2015 година.
Второ место со 19 отсто гласови освои аргентискиот ас Лионел Меси за гол кој во дресот на Барселона постигна во минатосезонскиот полуфинален меч од Лигата на шампионите против Баерн Минхен.
Трето место со девет отсто гласови освои играчот на италијанската Рома, Алесандро Флорензи за погодокот кој го постигна против Барселона во мечот од групата Е од Лигата на шампионите.
На последното четврто место од овој избор се најде голот на Икај Ѓундоган кој го постигна во дресот на германската репрезентација против Шкотска во Д групата од квалификациите за ЕУРО.