????? ??????????
11 Ноември 2015•Ажурирај: 13 Ноември 2015
САРАЕВО (АА) - Навивачката група на сегашниот фудбалски шампион Галатасарај интензивно се подготвува за пријателскиот натпревар на нивниот клуб во саботата на Олимпискиот стадион "Асим Ферхатовиќ Хасе - Кошево" кој ќе го одиграат против Босна и Херцеговина.
"УлтраАслан е навивачката група на Галатасарај, која е едена од најголемите во светот.
Не има околу 150 од кои главно се студенти, кои доаѓаат да учат во Сараево. Од ФК Сараево ние веќе добивме 200 билети за натпреварот и се надеваме дека во Кошево ќе бидеме околу 350 ", изјави за Anadolu Agency (АА), претставникот на навивачката група Мурат Озкаја, инаку, турски бизнисмен кој живее во Сараево.
Истакнувајќи како организирано ги следат сите натпревари на Галатасарај во балканските земји, Озкаја рече да ги следат и сите натпревари на својот тим.
И Фаик Али Коркмаз, студент кој живее неколку години во Сараево, истакна дека е исклучително среќен што како навивач ќе го дочека неговиот тим, додавајќи дека тоа е нешто што долго време го чекал.
"Ние знаеме дека навивчите на Сараево "Ордите на злото" се многу добри и огнени. Веруваме дека на трибините ќе владее братсво и дека нема да има проблеми", рече Коркмаз.
Навивачите на Галатасарај за претстојната утакмица во Сараево подготвија специјални транспаренти со пораки "Ние сме браќа" и "Галатасараево".
Пријателскиот натпревар Сараево – Галатасарај ќе се одигра во сабота, 14 ноември, на стадионот Олимпик "Асим Ферхатовиќ Хосе - Кошево" со почеток во 18:30 часот.
За вистински фудбалски спектакл од вчера се пуштени 22.000 билети.