Bakir Tiro
07 Декември 2017•Ажурирај: 08 Декември 2017
САРАЕВО (АА) - „Португалија и Шпанија се фаворити за освојување на титулата светски шампион на Светското првенство следната година во Русија, рече Луис Фиго“, некогаш популарниот португалски фудбалер, денес советник на УЕФА, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Португалија и Шпанија се фаворити, иако тоа не мора да значи дека ќе бидат шампиони во светот, бидејќи има тимови што можат да изненадат“, рече Фиго.
Португалија и Шпанија на Светското првенство во Русија ќе играат во меѓусебен дуел во групата „Б“, во којашто за противници ќе ги имаат исто така и Мароко и Иран.
„И Португалија и Шпанија не би требало да имаат големи проблеми во групата. Ќе водат борба за прво место, а потоа во фазата за елиминација следува потешката работа и секоја грешка може да значи збогување со натпреварувањето“, рече Фиго.
Светското фудбалско првенство во Русија ќе се одигра од 14 јуни до 15 јули следната година.