Abdulkadir Karakaya
24 Декември 2020•Ажурирај: 25 Декември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Големата награда на Турција, на која возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ја освои титулата шампион, е прогласена за најдобра трка во Формула 1 во сезоната 2020 година, јавува Агенција Анадолија (AA).
На страницата на Формула 1 објавени се резултатите од гласањето за најдобра организација на трката оваа сезона.
Љубителите на трките, со 33 отсто гласови ја избраа Големата награда на Турција, на која Хамилтон ја обезбеди шампионската титула.
Првите пет најдобри трки во Формула 1 оваа сезона изгледаат вака:
| Трка | Гласови (во проценти) |
1 | Голема награда на Турција | 33 |
2 | Големата награда на Италија | 25 |
3 | Големата награда на Сахира | 18 |
4 | Големата награда на Австрија | 5 |
5 | Големата награда на Тоскана | 4 |