Oktaj Omeragik
29 Септември 2019•Ажурирај: 29 Септември 2019
СКОПЈЕ
Денеска, во рамките на натпреварувањето во Формула 1 се вози Големата награда на Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рускиот град Сочи денеска се вози 16. трка од Светскиот шампионат во Формула 1. Патеката која го носи името на градот е со должина од 5.848 метри, а освојувач на Големата награда на Русија ќе биде возачот кој најбргу ќе ги извози 53-те круга.

По вчерашната трка за пол-позиција, денеска од стартната линија прв ќе тргне возачот на Ферари, Шарл Леклер од Монако, кој го извози најбрзиот круг со време од 1 минута 31 секунди и 628 делови од секундата.
Од втората стартна позиција ќе тргне возачот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон, кој својот најбрз круг го извози за време од 1 минута 32 секунди и 0,30 делови од секундата. Третата позиција на стартот е резервирана за Германецот Себастијан Фетел, возачот на Ферари, кој зад Хамилтон заостана само 0,023 делови од секундата.
Четвртата пол-позиција на денешниот старт за Големата награда на Русија ја освои Холанѓанецот Макс Верштапен, возачот на Ред Бул Хонда, со време од 1 минута 32 секунди и 310 делови од секундата.
Трката за Големата награда на Русија започнува во 13:10 часот.
- Пласман на возачи во Формула 1
Во генералниот пласман за возачи Хамилтон води со 296 бода. На втората позиција се наоѓа Валтери Ботас со 231 бод. По две последователни победи на третата позиција е Леклер со 200 бода, колку што има и четвртопласираниот Макс Верштапен. Петтопласиран е Себастирај Фетел со 194 бода.
- Табела на конструктори во Формула 1
На табелата на конструктори во убедливо водство се наоѓа тимот на Мерцедес со 527 бода, а на втора позиција е Ферари кој има 394 бода. Следуваат Ред Бул на третата позиција со 289 бода, четвртопласиран е Мекларен со 89, додека на петтата позиција е Рено со 67 бода.