Mutlu Demirtaştan
01 Октомври 2017•Ажурирај: 01 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Возачот на Ред Бул-ТАГ (Red Bull-TAG), Макс Ферштапен, е победник на трката во Формула 1, која се возеше денес за Големата награда на Малезија, јавува Anadolu Agency (AA).
Холандскиот возач Ферштапен до првата победа од оваа сезона, а втора во кариерата дојде на патеката Сепанг.

Ферштапен ја започна трката од второто место на стартот и веќе во четвртиот круг го помина Британецот Луис Хамилтон, кој во болидот на Мерцедес ја заврши трката како второпласиран.
Одличната трка за Red Bull ја круниса Австралијанецот Даниел Рикардо, кој го освои третото место.
Четврти беше возачот на Ферари, Себастијан Фетел, кој започна од последното место.
Хамилтон со второто место во Малезија ја зголеми предноста во генералниот пласман на возачите пред Фетел на 34 поени и со вкупно 281 поени влегува во преостанатите пет трки.
Во категоријата на конструктори Мерцедес води со 503 поени, а Ферари е на второто место со 385 поени.
Следната трка во Формула 1 ќе се вози во Јапонија на 8 октомври.