Hüseyin Burak Demirer
12 Ноември 2020•Ажурирај: 12 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Џо Гомез, одбранбен фудбалер на англискиот премиер лигаш Ливерпул поради повреда ќе биде отсутен во поголемиот дел на сезоната, пренесува Агенција Анадолија (АА).
По Виргил ван Дијк, Алекс Окслејд-Чемберлејн, Тиако Алканара и Фабињо, и Гомез се приклучи на повредените фудбалери на Ливерпул.
Според соопштението на овој клуб, 23-годишниот стопер бил повреден за време на тренизни на aнглиската репрезентација, како и дека бил опериран во левото колено.
Во соопштението не се дадени информации околу тоа кога Гомез ќе се врати, но се додава дека во поголемиот дел од сезоната ќе биде отсутен.