Can Erözden
04 Јули 2022•Ажурирај: 04 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Холандскиот велосипедист на тимот „BikeExchange-Jayco“, Дилан Гроневеген победи на третата етапа на „Тур де Франс“ (Tour de France) 2022 година што се одржува во Данска.
Гроневеген (29) ја заврши 182-километарската патека помеѓу данските градови Вајле и Сондерборг за 4 часа, 11 минути и 33 секунди.
Белгискиот спортист од тимот „Џамбо-Визма“, Ваут Ван Ерт, се најде на второ место, а неговиот сонародник од тимот „Алпецин-Декеунинк“, Јаспер Филипсен беше трет.
Денес, тимовите ќе отпатуваат во Франција за да ја продолжат трката, така што нема да има натпревар.
Следната етапа, која ќе биде четврта, ќе започне утре во францускиот град Данкирк во близина на белгиската граница.
Велосипедистите ќе возат помеѓу Данкирк и Кале, а должината на ридската етапа ќе биде 171,5 километри.
Овогодишната трка вклучува 21 етапи, а големиот велосипедски натпревар ќе заврши на авенијата Шанз-Елизе во Париз на 24 јули.